Министер за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на Министерството за јавна администрација и во свое лично име.
„Овој ден е симбол на нашата државност, гордост и непокор, ден кога се поклонуваме пред храброста на нашите предци, кои во Крушево и на АСНОМ ги поставија темелите на современата македонска држава, слободна, суверена и демократска.
Илинден не е само историја.
Тоа е постојана обврска за сите нас, особено за оние што сме избрани да служиме на граѓаните.
Обврска да градиме институции што ќе бидат праведни, ефикасни и достапни.
Обврска да ја продолжиме борбата за еднаквост, слобода и достоинство – секој ден, во секоја постапка, во секоја одлука.
Како Министерство за јавна администрација, цврсто стоиме на патот на реформите што ќе ја направат нашата администрација поевропска, потранспарентна и почесна.
Напорно работиме за администрација која ќе биде сервис на граѓаните и за институции што ќе ја штитат правдата, а не интересите на поединците.
Илинден е и потсетник дека промените не доаѓаат сами по себе.
Тие бараат храброст, визија и заедништво.
Токму тие вредности треба да нè водат и денес, додека ја обликуваме Македонија како земја што ќе ги задржи младите, ќе ги врати иселените и ќе ги обедини сите нејзини граѓани под заеднички идеали“, стои во честитката.