Македонија претседателски избори 2024

Мицкоски: Измеќарите од СДС им ја подарија на тацна државата на ДУИ и Ахмети, Пендаровски не е претседател на сите граѓани, тоа мора да го промениме

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешното негово обраќање во Теарце потсети дека пред 6-7 година власта ветуваше дека ќе донесе живот за сите, но донесе живот само за малкумина односно за првите луѓе во власта на СДС и ДУИ.

Мицкоски: Измеќарите од СДС им ја подарија на тацна државата на ДУИ и Ахмети, Пендаровски не е претседател на сите граѓани, тоа мора да го промениме

-Моето денешно обраќање ќе го започнам со спомените од пред 6-7 години кога претпоставувам ќе се сетиме оние обоени шарени револуционери кои шетаа со парола „Нема правда, нема мир“ и велеа дека ќе донесат живот за сите и дека ќе направат едно општество за сите. По тие 6-7 години резултатите од тие нивните прошетки се сеуште забележителни низ Македонија, сеуште остануваа објектите сопственост на граѓаните, на владата неисчистени ширум Македонија кои што ги бојадисуваа, штетите по идентитетот, по општеството и по стандардот на граѓаните се огромни, а од паролата ќе донесеме живот, донесоа живот за малкумина, за себе, за оние првенци во владата на СДС и ДУИ, а од паролата едно општество за сите се претвори во едно општество само за нас, рече претседателот Мицкоски и додаде дека таква парола имал и сегашниот кандидат за претседател на СДС, Стево Пендаровски.

-Кога велам само за нас таква е и паролата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, наш претседател. Тој нема да биде претседател на сите граѓани, а вели дека не ги делел граѓаните на наши и ваши, туку ќе бил наш претседател т.е претседател на оние кои што ќе го гласаат, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски потсети дека стратегијата на ДУИ е опишана со три збора „Како до сега“.

-Денес Македонија е украдена држава или уште повеќе да бидам прецизен подарена држава. Неспособниот Ковачевски, измеќарот Ковачевски ја подари Македонија на тацна на Али Ахмети. Во изминатите повеќе од 20 години ја практикуваа паролата како до сега не направија ништо подобрувајќи го стандардот и квалитетот на граѓаните. Стратегија на ДУИ е опишана со три збора „Како го сега“. Таа стратегија подразбира Артан Груби да почнува да стекне имот за сопственото семејство и да купува недвижнини во центарот на градовите низ Македонија. „Како до сега“ начинот на владеење на ДУИ е начин да министерот за надворешни работи, Бујар Османи патува низ светот и распродава парче по парче дел од македонскиот идентитет, небаре го наследил од неговите дедовци. „Како до сега“ принципот на владеење на ДУИ подразбира да во Зајас никнуваат хациенди каде што живее Али Ахмети небаре е некој блискоисточен шеик. Тоа е принципот на владеење како до сега. Јас се борам додека сум жив против овој начин на пустошење, пљачкање, понижување и засрамување на нашата Македонија, порача Мицкоски.

На крај претседателот Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ има друг принцип за Македонија, тоа е концепт позади кој стои тој и Гордана Силјановска Давкова.

-Ние имаме друг принц за горда Македонија. Нашиот концепт е за твоја Македонија. Тоа е концептот позади кој што застанувам јас и тоа е концептот кој што го застапува Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, заклучи Мицкоски.

To top