Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и останатите осомничени Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се во 30-дневен притвор во затворот во Шутка, во во привор е и возачот Стефан Димковски.
Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо се уште не е екстрадиран од Турција.
-Јавноста е гневна за смртта на малата Вања и на тоа што се’ уште нема одговор на многу прашања околу нејзиното грабнување и убивање, како и за велешанецот Панче Жежов, но за тоа се чека истрагата и резултатите од обдукцијата, која уште не е готова. Но, за згаснување на овој млад живот не е гневна само јавноста, туку и останатите притворени и затворени во затворот во Шутка, објавува порталот ММС.
Медиумите досега информираа дека тие се затворени во посебни ќелии, а штом останатите притворени ќе ги виделе им упатувале навреди и тропале по решетките. И тие се згрозени од двојното убиство, особено на малата Вања.
Тројца од четворицата осомничени кои се во Шутка, ја признаа вината и своите улоги во оваа грозоморна операција.
Затоа и нивното влегување во затворот во Шутка беше дочекано „на нож“, пишува порталот.
ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“
На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил :
„Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, дознава ММС.
Таткото на Вања само молчел.
Целата вест прочитајте ја на ММС