Интегрален текст од соопштението на Др. Игор Мерџановски
Клиниката за трауматологија во склоп на тоарилуц , поточно центарот за спинална хирургија во договор со министерство за здравство и фондот за здраство ја почнуваат повторно обуката на лекари и среден персонал .
Воедно врвни стручњаци светски познати професори кои ќе доаѓаат и ќе вршат комплексни операции на болести на рбетниот столб што значи дека пациентите кои имаат потреба од лекување во странските клиники ќе бидат лекувани во нашата клиника дома.
Тоа значи дека средствата кои што ќе ги заштеди фондот за здраство и македонија се многу. Утре доаѓа професорот Уфук Ајдинли од турска познат стручњак кој со тимот од клиниката за трауматологија ќе направи 5 операции на рбетен столб секоја од овие операции ако се лекуваат во странските центри за болести на рбетниот столб ќе бидат со цени над 30 ооо евра до 50 ооо евра да не додадеме и присуството на дел од фамилијата која трошокот за нивен престој ќе биде оптеретување на нивна сметка доаѓањето на професорот е со цена од 4700 евра заштедата ќе биде над 250 ооо евра исто така и обуката која ќе ја добиеме нема цена можело и вака домаќинско работење, а не како до сега.
Со почит
Др. субспецијалист трауматолог
Игор Мерџаноски