Македонија

Меџити: Зајакнат мониторинг на загадувањето со нова опрема и технологии

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити за време на посетата на Централната лабораторија на Министерството најави зајакнување на мониторингот на загадувањето на воздухот преку воведување на нова опрема и технологии.

Како што информираат од Министерството, лабораторијата е опремена со напреден инструмент ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој ќе овозможи прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух. Исто така, успешно е завршен процесот на реакредитација, при што лабораторијата доби нова четиригодишна акредитација, која опфаќа 20 аналитички методи, вклучително и мерење на бучава во животната средина и анализа на отпадни води.

– Во рамки на проектот ‘ЕУ за чист воздух’, лабораторијата е опремена со напреден уред ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој овозможува прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух, нагласи Меџити.

Министерот информираше и дека инсталацијата на опремата, како и обуката на персоналот, се планирани за септември. Овој процес се оценува како клучен чекор во насока на унапредување на техничките капацитети и обезбедување поквалитетни и поточни еколошки податоци.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Меџити додадал дека во наредниот период, Лабораторијата ќе добие акредитација за нови методи, со што дополнително ќе се зајакнат нејзините капацитети.

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање е клучна институција во системот за заштита и управување со животната средина во земјава и служи како техничко и научно тело за исполнување на законските и стратешките задачи за мониторинг на загадувањето и заштита на еколошките компоненти.

Најнови вести од Македонија

To top