Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на денешната работна средба со унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин ја поздравил сеопфатната поддршка што Унгарија и ја дава на Македонија, како на билатерален план, така и во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.
Двајцата соговорници, како што соопшти МЖСПП, се согласиле дека двете влади тесно соработуваат во насока на зајакнување на билатералните односи и забрзување на интеграцијата на Македонија во ЕУ.
Меџити истакнал дека унгарското претседавање со Советот на Европската Унија, кое е едно од главните тела за одлучување на блокот, ни дава можност да го забрзаме напредокот на интегративниот пат на нашата земја.
Двајцата соговорници разговарале и за Зелената агенда и улогата на нашата земја во борбата против климатските промени. (МИА)