Македонија МЖСПП

Меџити пречека делегација од Меѓународната финансиска корпорација

На работниот состанок од страна на ИФЦ се презентираше моделот за поддршка на приватниот сектор преку јавно приватно партнерство, како потенцијалната долгорочна соработка и можностите за поддршка на економскиот развој на Македонија, особено во имплементација на зелената агенда како еден од највисоките приоритети на Владата на Република Македонија.

Меџити пречека делегација од Меѓународната финансиска корпорација

Првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити беше домаќин на делегација од Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за Македонија предводена од регионалниот директор за земјите од Западен Балкан Николас Маркиер, а присуствуваа и одговорниот за Македонија и Косово, Висар Перани, Милица Средановиќ, одговорна за инвестиции во енергетски сектор за Западен Балкан и Вадим Шербаков, одговорен за инвестиции во енергетски сектор за Македонија.

На работниот состанок од страна на ИФЦ се презентираше моделот за поддршка на приватниот сектор преку јавно приватно партнерство, како потенцијалната долгорочна соработка и можностите за поддршка на економскиот развој на Македонија, особено во имплементација на зелената агенда како еден од највисоките приоритети на Владата на Република Македонија.

Министерот Меџити ги информираше претставниците на ИФЦ за приоритетите на Владата и превземените активности во таа насока, истакнувајќи го загадувањето на воздухот и управувањето со квалитетот на воздух во урбаните средини како клучен приоритет. Владата на Македонија, рече Меџити, се фокусира на идентификување на причините на загадувањето, а не на последиците. Меџити информираше за досегашната поддршка од страна на ЕУ и Светската Банка во оваа област, но потенцираше дека има простор за остварување на јавно приватно партнерство во некоја наредна фаза.

Земајки предвид дека главни причини на загадувањето се греењето на домаќинствата и загадување од сообраќај, Владата на Република Македонија вложува силни напори за исполнување на проектот за гасификацијата, како една од главните решенија, која има за цел граѓаните да користат еколошки начини на затоплување, што ќе придонесе за намалување на загадувањето за 50 – 70 отсто – истакна Меџити.

Најнови вести од Македонија

To top