Македонија

Меџити: Освен „Бамби“ како најголема градинка во земјата, ќе отвориме уште две модерни градинки во Чаир

За време на свеченото отворање на градинката „Бамби“ во Чаир, првиот заменик претседател на Владата, Изет Меџити, ја истакна важноста на овој објект, кој се смета за најголем, најсовремен и најатрактивен во Македонија. Тој особено им се заблагодари на Фатмир Лимани и Висар Ганиу за нивната посветеност и работа во реализацијата на проектот.

Меџити најави дека во наредните месеци ќе започне изградбата и на две други модерни градинки – „Везеза“ и „Боробарда“(Снежана).

-Овој објект, кој е најголем, најсовремен и најатрактивен во Македонија, сакам да им се заблагодарам и на Фатмир Лимани и на Висар Ганиу за работата што ја направија. Да ве информирам дека ова чинеше приближно 2 милиони евра. Исто така, од Владата се издвоени над 3,5 милиони евра за изградба на вакви објекти и за да заминат во историјата старите комунистички бараки во Чаир, кои беа со лоши услови за децата, за сегашните и идните генерации. Така, многу скоро, во наредните месеци ќе почнеме со градинката ‘Везеза’. Плус уште две градинки со вакви размери и толку атрактивни, со многу подобри услови за нашите деца, изјави Меџити.

Заменик-претседателот на Владата нагласи дека овие инвестиции имаат за цел подобрување на условите за живот и образование на децата од заедницата, создавајќи побезбедна и посоодветна средина за нивниот развој.

To top