Министерот за здравство, Фатмир Меџити, информира дека во петокот, 22 декември 2023 година е завршена инсталацијата на линеарниот акцелератор на Клиниката за онкологија.
-Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнивме уште едно ветување. Од страна на производителот и одговорните физичари во установата е потпишан Final Acceptance Certificate – документ со којшто се потврдува дека медицинскиот апарат е инсталиран во целосна согласност со сите спецификации на проектите, составен и инсталиран следејќи ги сите упатства и технички барања согласно производителот Varian Medical Systems. Во наредниот период се очекува воведување во работата и започнување со зрачна терапија на пациентите, вели Меџити.