Македонија Славишко Поле

Мечка среде бел ден се прошета низ село во Ранковце: „Не смее да се убива“!

„Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

Мечка среде бел ден се прошета низ село во Ранковце: „Не смее да се убива“!

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница.

Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот.

Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.

„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убива. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

Најнови вести од Македонија

To top