Маските, конечно, паднаа. Денеска Филипче со јавен повик за силна поддршка ги повика своите членови да дојдат на протестот на ССМ. Тој даде „максимална поддршка“ на протестот кој се затскрива зад „работничките права“.
Прашан дали вечерва ќе биде на протестот, кој го организира Сојузот на синдикатите на Македонија, Филипче со одговор дека организирана партиска поддршка нема да дадат. Во превод, ќе биде задкулисна, за да не ја уништат фингерајката.
–Добро сигурно ќе излезат наши членови коишто се дел од синдикатот, нервозно одговори и се вадеше Филипче, кому е јасно дека не смее јавно да обелодени дека цела партија е во позиција на низок старт за протестот во 17 часот. Не кажа и дали ќе има или не сендвичи и сокчиња, или ланч-пакетот ќе мора сами да си го купуваат „протестирачите“ од СДСМ.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска изрази целосна и сина поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата.
„Едноставно сме соочени со ситуација во којашто се што владата прави е само нови и нови задолжувања, кои што ќе ги враќаат следните генерации. Даваме максимална поддршка за денешниот протест. Ние ќе продолжиме и понатаму, во следниот период да изнаоѓаме и предлагаме законски решенија со што ќе го подобриме стандардот на граѓаните.“ соопшти на денешниот вонреден прес првиот човек на СДСМ.
На оваа задкулисна игра на СДСМ и Филипче која го злоупотребува ССМ веќе алармираа познавачите на состојбите, кои логично запрашаа: зошто токму сега и чуму истиот тој ССМ не организираше никакви протести во време на владеењето на СДСМ, кога платата беше уште поочајна? Зошто тоа тогаш не му пречеше на раководството на синдикатот кое беше на жешка линија со Заев, а потоа и со Ковачевски?
Дел од синдикатите веќе побараа ССМ да се огради од СДСМ, но тоа досега не е сторено.
Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат за денешниот работнички протест кои ние како синдикат го поддржавме, реагираше Независниот синдикат на полицијата.
-Бараме од ССМ веднаш да излезе со став дека на денешните протести не им се потребни и добредојдени ниту политичарите ниту поддржувачи на политички партии. Дека истите тие до пред две години имаа можност да направат нешто повеќе за работникот и дека на државата во моментов не и е потребна нова шарена револуција, туку подобар стандард на граѓаните.
-Доколку ССМ не излезе со ваков јасен став само ќе ја потврди изјавата на премиерот дека денешните протести не се протести за плата, туку за политичка пресметка и дека во моментов помеѓу ССМ и СДСМ постои само една буква разлика, потенцираат од НСП.
П.С.
Очекувајте многу луѓе со „КАПУЉАЧИ“ и ЧАДОРИ не денешниот “работнички“ протест на ССМ.
Неее, тое не е дека СДС членството ќе се крие од камерите, „сачувај“ Боже, никако….