Македонија Арт Центар

Мартин Протогер добитник на награда за Меморијалниот центар на Евреите во Македонија

Да се потсетиме, Меморијалниот центар е прв од таков тип во регионот и е значаен симбол на македонско-еврејското пријателство, како и историски паметник за судбината на Евреите од Македонија низ историјата.

Мартин Протогер добитник на награда за Меморијалниот центар на Евреите во Македонија

Вечерва во Арт Центарот на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија се одржа свечено одбележување на 20-годишнината од камен-темелникот на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите.

Награда за посебен придонес доби Мартин Протогер, а му ја додели Управниот одбор и раководството на Фондот и Меморијалниот центар за неговата поддршка при изградбата на Меморијалниот центар и поддршка на Еврејската заедница во Македонија.

Да се потсетиме, Меморијалниот центар е прв од таков тип во регионот и е значаен симбол на македонско-еврејското пријателство, како и историски паметник за судбината на Евреите од Македонија низ историјата.

Меморијалниот центар е значајна културна и историска знаменитост на Скопје, која неодамна во својата посета на градот ја посети и секретарот за трговија на САД, Хауард Лутник, директорот на „Трамп соушал“ и сегашен советник на претседателот Трамп, Девин Нунјес, но и други високи гости и граѓани кои низ децениите наназад го посетуваа овој значаен објект.

To top