Македонија трибина

Марковска Илиевска: Нереализираните проекти за намалување на загадувањето се резултат на неспособното менаџирање на Арсовска

Јавноста го знае тоа, во секојдневието ги трпи сите тие пропусти или неспособност на градоначалникот затоа што Советот носи одлуки меѓутоа градоначалникот и градот Скопје ги реализира, рече Марковска Илиевска.

Марковска Илиевска: Нереализираните проекти за намалување на загадувањето се резултат на неспособното менаџирање на Арсовска

На денешната панел дискусија на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“ присуствуваше советничката на Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која нагласи дека градот Скопје во најголем дел треба да ги реализира одлуките согласно програмите кои што се носат преку Советот но сепак и покрај интересот и волјата тие не се реализирани а за тоа најголеми сведоци се граѓаните.

„Јавноста го знае тоа, во секојдневието ги трпи сите тие пропусти или неспособност на градоначалникот затоа што Советот носи одлуки меѓутоа градоначалникот и градот Скопје ги реализира“, рече Марковска Илиевска.

Марковска Илиевска нагласи дека службениот гласник на Град Скопје во најголема мера содржи донации за садници, како и ги наведе мерките за спречување на загадениот воздух.

„Ако го погледнете службениот гласник на Град Скопје ќе видите дека најголем дел се донации за садници најчесто се од приватни компании, но и донесени се одлуки за субвенционирање на домаќинствата на Град Скопје за чистење оџаци како една од мерките, понатаму субвенционирање на инвертер клими, субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети, оваа година немаме меѓутоа во изминатите две години имаше такви одлуки“, објасни Марковска Илиевска.

Советничката исто така потенцираше дека и многу малку е сторено и покрај добрата стратегија планирана во периодот од 2024-2034 година каде што во делот на зазеленување имало испланирано одлични можности и изрази надеж дека оваа ситуација со градот Скопје ќе биде променета по истекот на мандатот на сегашната градоначалничка.

„Колку што јас имам информација, а верувајте дека никој не ни дава извештај од кога ќе се донесе одлука во градот Скопје јавните претпријатија даваат извештаи меѓутоа пак ќе кажам од јавноста колку што се информираме, од јавните соопштенија и од медиумите јавноста така се информира значи ние исто како и јавноста и советниците кои ги носат одлуките на тој начин се информираме и можам да кажам дека многу малку е сторено во делот на зазеленување иако имаше добра стратегија десет годишна од 2024 до 2034 за развој каде што во делот на зазеленување има испланирано одлични можности да градот Скопје дише повторно да имаме чист воздух, зелени површини и повеќе кислород. Се надевам дека во иднина ова ќе се корегира доколку го управува друго лице градот Скопје бидејќи со ова управување, со оваа градоначалничка досега не се направени доволно проекти кои што биле испланирани“, децидна е Марковска Илиевска.

Најнови вести од Македонија

To top