На денешната седница на одбор на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, беше избран Марјан Стефановски за нов директор на претпријатието.
Стефановски е искусен кадар од самото претпријатие и во својата долгогодишна кариера работи на повеќе позиции во истото, меѓу кои и раководни.
Тој на ова место доаѓа со конкретен план за реформи и развој на претпријатието и амбиција ова претпријатие да постигнува високи резултати и успеси.
Како прв чекор на Стефановски е одлуката да се откаже од службеното возило за дневни потреви во Скопје и од службената платежна картичка, како и одлука да ги сведе сите непродуктивни трошоци на нула.
-Ова претпријатие има огромен потенцијал да креира ведности и да диктира текови, да создава за доброто на државата и граѓаните. Планирам сериозни проекти, но и кратења. Ќе работиме ефикасно, одговорно, посветено и транспарентно, имаме високи амбиции. Сакам да бидеме пример за успешно работење, изјави Стефановски.
АДИССДП или популарно ПУИГ е претпријатие кое располага со недвижности, станбен и деовен простор во државна сопственост на територија на Македонија и во странство.