Македонија

Марина Димовска во работна посета на Парламентот на Република Словенија

За време на посетата на Парламентот на Република Словенија во Љубљана, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар, Никола Ѓошевски, остварија низа работни средби со претставници на словенечкиот парламент.

Марина Димовска во работна посета на Парламентот на Република Словенија

За време на посетата на Парламентот на Република Словенија во Љубљана, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар, Никола Ѓошевски, остварија низа работни средби со претставници на словенечкиот парламент.

На средбата со раководителката на Секторот за законодавство, Наташа Воршич, и секретарот во Одделот за подготовка и одржување на седници, Јуре Кожух, се дискутираше за улогата и надлежностите на законодавно-правната служба, проверката на усогласеноста на нацрт-законите со Уставот, меѓународните договори и европското законодавство, како и функционирањето на календарот за пленарни седници и планирањето на работата на Собранието на годишно ниво. Беа разменети искуства и се разговараше за можностите за соработка преку студиски посети и стручни обуки.

За време на средбата со раководителот на Секторот за развој на информациски системи, Матјаж Здравец и членката во Кабинетот на генералната секретарка, Војка Вук Дирнбек, беа презентирани практики поврзани со дигиталната трансформација на парламентот, имплементацијата на системи за управување со документи, интеграцијата на вештачка интелигенција во парламентарните процеси и обезбедувањето сајбербезбедност на ИКТ инфраструктурата. Делегацијата имаше можност да види како функционираат во пракса дигиталните алатки со кои располага словенскиот Парламент.

Со секретарот на Комисијата за европски прашања, д-р Звоне Бергант, се разговараше за прашања поврзани со улогата на комисијата во приближувањето на националното законодавство кон правото на Европската Унија, како и за механизмите за следење на усогласеноста и имплементацијата на европските стандарди. Беа споделени искуства во однос на праксата Собранието да има претставник од Службата во Европскиот парламент, преку кој може значително да се зајакне позицијата на државата со помош на парламентарната дипломатија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Овие средби претставуваат значаен придонес за унапредување на институционалната соработка и размена на добри практики помеѓу парламентите на двете земји, особено во контекст на дигитализацијата на парламентарната работа, реформските процеси и улогата на парламентите во пристапните преговори со Европската Унија.

Најнови вести од Македонија

To top