Македонија Тоа е системот кој треба да се урне

Манасиевски за Јон Фрчкоски: Додека народот нема леб да јаде, тој шмрка кокаин на работно место!

Мали Фрчко – ем наркос, ем дел од расипаниот систем, ем жртва се прави, па уште да го жали народот.
Додека народот нема леб да јаде, тој шмрка кокаин на работно место како директор. Ова е од неодамна сигурно, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие смеат да грешат, да крадат, да се дрогираат и на крај да глумат дека се жртви на хајка и мора да им се прости пошто доблесно е да се покае некој. Ама вмровец ако си, нема простување и нема простор за грешки.

Човекот шмрка кокаин на работно место во државна фирма, додека бил директор или еден од директорите во истата. Тоа е системот кој треба да се урне и кој придонел до ова дереџе да ни дојде државата.
Како станал директор? Како ја купил дрогата? Од кого? Зошто не пријавил? Дали и други се дрогирале со него? Кој се дрогирал? Колку често тоа го правел и дали тоа му влијаело на одлуките како директор во ПУИГ?

Ова се прашања кои нормален човек си ги поставува, а тоа дека е жртва на хајка, затоа што е фатен жив со кокаин, тоа е само уште една илустрација за разгалените деца на комуњарската буржоазија на кои се им е на тацна во животот и патот им е натапкан, па затоа, имаат пари и слобода на работно место да се дрогираат со најскапата дрога – кокаин, пишува Манасиевски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top