Македонија прес-конференција

Манасиевски: Оливер Спасовски не постапил согласно Закон кога било потребно, поради вакви системски грешки ни се случи трагедијата “Беса Транс”

Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи и затоа Македонија се соочува со последици кои никогаш не смееле да се дозволат, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски не го одзел овластувањето на станицата за технички преглед во Сарај, иако имало официјален извештај со констатирани неправилности, тој не презел мерки во законскиот рок, туку реагирал дури три месеци подоцна, со што директно овозможил фирмата да се здобие со противимотна корист од 5,5 милиони денари. Уште потрагично е тоа што, Оливер Спасовски реагирал дури три дена по трагедијата во Бугарија во која загинаа наши 45 сограѓани, со автобусот кој поминал технички преглед во истата оваа фирма во Сарај. Дали доколку Оливер Спасовски реагирал навремено ќе била спречена оваа трагедија? Дали Спасовски имал некаков договор со фирмата и затоа им овозможил дополнително работење за да може и тој да ќари? Дали Оливер Спасовски во страв и паника веднаш по несреќата го одземал овластувањето затоа што имал грижа на совест? ДКСК во 2023 година утврдила одговорност и побарала од владата да се разреши Оливер Спасовски или самиот тој да си поднесе оставка. Вакви институционални пропусти со тешки последици не смееле да се случат. Сите треба да знаат кој стоел на позицијата што требало да ја штити безбедноста на граѓаните, истакна Манасиевски.

Правда и одговорност мора да има! Порача Манасиевски.

Најнови вести од Македонија

To top