Македонија локални избори 2025

Македонски Концепт ја дава својата поддршка за Златко Силјаноски, кандидат за градоначалник на Општина Дебрца

Веруваме дека заедно можеме да придонесеме за нова етапа во развојот на општината, со чесно, одговорно и визионерско раководство во интерес на сите жители на Дебрца.

Македонски Концепт ја дава својата поддршка за Златко Силјаноски, кандидат за градоначалник на Општина Дебрца

Македонски Концепт со чувство на одговорност и посветеност кон иднината на Општина Дебрца, ја дава својата официјална поддршка на кандидатот за градоначалник Златко Силјаноски, предложен од коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот Силјаноски целосно ја прифаќа и поддржува локалната изборна програма на Македонски Концепт, која се темели на принципите на одговорно управување, развој на инфраструктурата и сообраќајно поврзување со Демир Хисар и Битола, заштита на животната средина, поттик на локалното претприемништво и создавање услови за достоинствен живот на жителите на Дебрца, наведуваат во соопштението од Македонски Концепт.

„Дополнително, господинот Силјаноски е политички и вредносно блиску до нашите идеали, човек со десничарска ориентација, со чесен и народен пристап, кој ги споделува нашите ставови за работа, одговорност и национално достоинство.

Во таа насока, ги повикуваме сите наши поддржувачи на листата за Советот на Македонски Концепт, кои претставуваат 6% од избирачкото тело во Општина Дебрца, масовно да излезат на локалните избори и да го поддржат Златко Силјаноски за градоначалник.

Веруваме дека заедно можеме да придонесеме за нова етапа во развојот на општината, со чесно, одговорно и визионерско раководство во интерес на сите жители на Дебрца.

Прогресивна десница за силна и достоинствена Македонија“, соопшшти Македонски Концепт.

To top