Македонија Хуманитарна акција во Каракал

Македонски и романски војници донесоа празнична радост во домовите на загрозени семејства

Целта на акцијата беше да се донесе радост и да се внесе празничен дух во овие домови, токму во периодот кога топлината и заедништвото се најпотребни.

Македонски и романски војници донесоа празнична радост во домовите на загрозени семејства

На 18 декември, војници од 22. пешадиски баталјон „Romanați“ заедно со припадници на Македонскиот контингент ја покажаа својата човечност и солидарност преку хуманитарна акција во општината Каракал.

Со едноставни, но значајни гестови, тие ги посетија домовите на неколку социјално загрозени семејства и им подарија новогодишни подароци на децата. Целта на акцијата беше да се донесе радост и да се внесе празничен дух во овие домови, токму во периодот кога топлината и заедништвото се најпотребни.

Армијата на Македонија соопшти дека ваквите активности се дел од пошироката мисија за поддршка на заедницата и зајакнување на врските меѓу војниците и граѓаните.

На 18 декември, војници од 22. пешадиски баталјон „Romanați“, заедно со припадници на Македонскиот контингент, покажаа…

Posted by Армија на Република Северна Македонија on Сабота, 20 декември 2025

Најнови вести од Македонија

To top