Македонија статистика

Македонија со напредок во спречувањето на перење пари и финансирање тероризам, но остануваат предизвици

Македонија направила значаен напредок во зајакнувањето на правната и институционалната рамка за спречување на перење пари и финансирање тероризам, се наведува во новиот извештај на MONEYVAL – телото на Советот на Европа задолжено за проценка на усогласеноста со меѓународните стандарди во оваа област. Извештајот беше објавен на 25 јуни 2025 година во Стразбур.

Според MONEYVAL, државата успешно ги подобрила оценките кај три од клучните препораки на Меѓународната група за финансиска акција (ФАТФ), и тоа во делот на:

Трансакции со жичен трансфер,

Внатрешна контрола и надзор над странски филијали,

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Транспарентност на вистинските сопственици на трастови и слични правни форми.

Овие препораки, кои претходно беа оценети како „делумно усогласени“, сега се категоризирани како „во голема мера усогласени“, што претставува позитивен сигнал за меѓународната заедница и инвеститорите.

И покрај овој напредок, MONEYVAL укажува дека напорите на земјата сѐ уште не се доволни во делот на Препорака 26 – регулација и надзор на финансискиот сектор, каде што оценката останува „делумно усогласена“.

Од вкупно 40 препораки на ФАТФ:

31 се оценети како усогласени или во голема мера усогласени,
9 се сѐ уште делумно усогласени.

Оваа распределба покажува напредок во процесот на унапредување на националниот систем за борба против перење пари, но истовремено укажува и на потребата од дополнителни структурни и надзорни реформи.

Македонија има обврска да достави нов извештај до MONEYVAL за една година, во кој ќе го прикаже понатамошниот напредок и имплементацијата на препораките.

Овој извештај е клучен за оценување на ризиците поврзани со финансискиот систем на земјата, а усогласеноста со стандардите на ФАТФ има директно влијание врз банкарскиот сектор, довербата на инвеститорите и стабилноста на финансиските текови.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top