Македонија олга лозановска

Лозановска: СДС и натаму продолжува да потценува и да се однесува со ароганција, така што ни помалку ни повеќе организираа во Битола – трибина за здравство

Ужаснува помислата дека СДС и натаму продолжува да потценува и да се однесува со ароганција, така што ни помалку ни повеќе организираа во Битола – трибина за здравство или превенција, како што ја нарекоа! Рече на денешната прес-конференција Олга Лозановска пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Да потрошеа толку енергија и средства, потребни со сила и напор да ја наполнат салата со дојденци и притиснати и уценети членови, не ќе беше во ваква состојба Клиничката болница во Битола- некогашниот лидер во здравството во регионот. И наместо, да се зафатат со сериозни подобрувања на функционирањето на битолската Клиничка болница, тие одржуваат партиски трибини и ги сликаат најголемите виновници за катастрофалната состојба на Болницата. На пример – Венко Филипче! Ова дефинитивно ги надминува основните правила на пристојно однесување, па така господо „загрижени” од СДС објаснете им на граѓаните зошто се уште не е оспособен апаратот за коронографија, акцелераторот, зошто се повеќе битолчани лапараскопски операции прават во соседните болници, кои немаат статус на клинички или во Скопје до каде сте со изградбата на новиот Клинички центар кој го ветивте во Битола, до каде сте со отворањето на Медицински, стоматолошки и фармацевтски факултет? Праша Лозановска.

Господо од СДС, граѓаните ве прашуваат и за вмешаните ви кривичните пријави и активностите на Обвинителството! Зошто е молк и дали се преземени мерки против сторениот криминал – тоа сте должни да им го објасните на граѓаните! Истакна Лозановска.

Таа порача дека важно е оваа катастрофа, предизвикана од неспособната, криминална, коруптивна и неодговорна власт да заврши со огромен нејзин пораз на претстојните парламентарни избори!

Најнови вести од Македонија

To top