Македонија во Хаг

Лога ја потпиша Љубљанско-Хашката конвенција

Иницијативата за оваа Конвенција е започната уште во 2011 година и има голема поддршка од 80 држави меѓу кои и Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Лога ја потпиша Љубљанско-Хашката конвенција

Министерот за правда Кренар Лога денеска во Хаг ја потпиша Конвенцијата за меѓународна соработка во истрагата и гонењето на злосторството геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други меѓународни злосторства.

Церемонијата за потпишување на Љубљанско-Хашката конвенција, како што соопшти Министерството за правда, се одржа во во Палатата на мирот во Хаг.

Конвенцијата има за цел да ја олесни меѓународната соработка во кривичната материја меѓу државите членки и да обезбеди ефективна меѓународна правна соработка во истрагите и гонењето на овие злосторства. Конвенцијата како исклучително значаен меѓународен инструмент претставува практична алатка која ќе им помогне на државите членки. Со неа ќе се овозможи зајакнување на националните правни системи а се очекува значајно да се намали неказнивоста на сторителите на овие сериозни кривични дела. Ова особено поради фактот што Конвенција се насочува на обврската на државите да ги гонат овие кривични дела и во таа смисла ја адресира потребата да се зголеми ефикасноста на истрагите и гонењето на национално ниво.

Иницијативата за оваа Конвенција е започната уште во 2011 година и има голема поддршка од 80 држави меѓу кои и Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Најнови вести од Македонија

To top