Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани најави повик за Награда за младинско учество 2025:
„Со особено задоволство ве информирам дека во соработка со Националниот младински совет на Северна Македонија, официјално го објавуваме Повикот за Наградата за младинско учество за 2025 година.
Се вреднуваат сите активности, иницијативи, акции или идеи кои се реализирани од јуни 2023 до мај 2025 година, во три категории:
• 1,000 евра за индивидуална категорија (млади на возраст од 15 до 29 години, кои спровеле иницијатива со општествена вредност,
• 3,000 евра за не-формални групи на млади (најмалку 3 лица), кои здружено реализирале соработнички проекти,
• 3,000 евра за младински организации, организации за млади и чадор-организации кои континуирано работат со млади.
Почитувани граѓани,
Оваа награда не е само финансиски поттик – таа претставува јавна форма на признание и институционално вреднување за сите оние млади кои не остануваат пасивни, туку избираат да се вклучат, да дејствуваат и да направат промена.
Тоа е повик што државата го упатува на младината со порака:
– ” ве гледаме, ве слушаме и ве поддржуваме” !
Рокот за аплицирање е до 30 јуни 2025 година, и ве охрабрувам:
Аплицирајте !
Номинирајте пријател, група или организација !
Споделете ја вашата успешна приказна ! Зашто на нашата земја ѝ требаат повеќе позитивни примери – а ние цврсто веруваме дека најдобрите примери се токму меѓу нашата младина !
Повеќе информации околу повикот имате на веб страната на министерството !
Посакувам успех на сите !“7