Македонија Билатерална средба

Лимани- Оздемир Ѓокташ: Македонија и Турција се пријателски земји, поддршката и размената на искуства се од огромно значење

Средбата на министрите беше можност за разговор на одредени прашања кои се во надлежност на двете министерства, со размена на позитивни искуства кои би значеле подобрување на досегашните политики и пракса.

Лимани- Оздемир Ѓокташ: Македонија и Турција се пријателски земји, поддршката и размената на искуства се од огромно значење

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на дводневната посета на Турција, заради учество на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, оствари билатерална средба со Министерката за семејство и социјални политики на Република Турција, Махинур Оздемир Ѓокташ.

Средбата на министрите беше можност за разговор на одредени прашања кои се во надлежност на двете министерства, со размена на позитивни искуства кои би значеле подобрување на досегашните политики и пракса.

Двете земји имаат долгогодишна соработка во областите кои ги покриваат, а потврда за тоа се склучените договори за соработка во областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето, како и потпишаната Изјава за намера за соработка на полето на социјалната политика, каде што се опфатени прашањата поврзани со социјалните услуги за семејството, жените, децата, старите лица и лицата со попреченост.

Македонија и Турција успешно го спроведуваат Договорот за социјално осигурување, со кој македонските и турски државјани ги остваруваат правата од здравственото осигурување и здравствената заштита, пензиското и инвалидското осигурување, каде се вклучени правото на старосна пензија, правото на инвалидска пензија, правото на семејна пензија, остваруваат право на осигурување во случај на несреќа на работа и професионална болест, право на осигурување во случај на невработеност и додаток за деца.

Министерот Лимани истакна дека инвестирањето на Република Турција во Република Северна Македонија е од голема важност, земајќи предвид дека тоа ќе генерира и нови вработувања и подобрување на демографската состојба на државата. На средбата стана збор и за младинските политики кои Министерството ги опфаќа во насока на создавање на можности за младите и нивно задржување во земјата, како и инклузијата на ранливите категории на граѓани, децата, лицата со попреченост, Ромите. Притоа беше нагласена важноста на семејството како основна клетка во општеството и оттука и важноста на политиките кои имаат за цел поддршка на семејствата.

Страните истакнаа заложби за зајакнување на соработката, а тоа ќе се потврди и со потпишување на нов Меморандум за соработка меѓу двата министерства за областите кои се во нивна надлежност.

To top