Македонија МСПДМ

Лимани: Градинката „Младост“, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја“ листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато

Ме радува фактот што успеавме после 2 години закочен процес за вработувања во оваа Јавна установа, конечно да се реализираат потребите од кадар во истата. Задоволство ми е да соопштам дека обезбедени се и вработувањата за новиот објект „Рилиндја“, кој наскоро ќе биде и официјално отворен,“ посочи Лимани.

Лимани: Градинката „Младост“, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја“  листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, ја посетија ОЈУДГ „Младост”- Тетово.

Повод за посетата се новите 42 вработувања на воспитувачи и негуватели во оваа јавна установа, 13 по основ на пензионирања односно испразнети работни места, а 29 вработувања за новиот објект „Рилиндја“ кој наскоро ќе биде отворен.

Во обраќањето пред присутните министерот Лимани искажа задоволство што конечно проблемот со кадар во оваа јавна установа е решен.

„Ме радува фактот што успеавме после 2 години закочен процес за вработувања во оваа Јавна установа, конечно да се реализираат потребите од кадар во истата. Задоволство ми е да соопштам дека обезбедени се и вработувањата за новиот објект „Рилиндја“, кој наскоро ќе биде и официјално отворен,“ посочи Лимани.

Тој истакна дека обезбедувањето на стручен кадар во детските градинки и инвестирањето во зајакнување на нивните компетенции придонесува за квалитетот на воспитно образовниот процес. Како и дека министерство ќе продолжи посветено да работи во насока на обезбедување на предучилишно воспитание и образование согласно предвидените стандарди.

Јавната установа Младост е една од најголемите установи во државата за предучилишно образование во однос на капацитетот на деца кои ги згрижува, со отворањето на новиот објект „Рилиндја“, листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато.

Лимани на нововработените воспитувачи и негуватели им посакува успешна и плодна работа.

To top