Македонија ирл

Лидер.мк: УШТЕ ЕДНА ВИДЕО ПЛАТФОРМА ГО ТРГНА ВИДЕОТО НА ИРЛ ПОРАДИ КРШЕЊЕ НА АВТОРСКИ ПРАВА!

Уште една видео платформа го отстрани најновиот документарец на ИРЛ и Сашка Цветковска поради кршење на авторски права, објаби порталот lider.mk

Лидер.мк: УШТЕ ЕДНА ВИДЕО ПЛАТФОРМА ГО ТРГНА ВИДЕОТО НА ИРЛ ПОРАДИ КРШЕЊЕ НА АВТОРСКИ ПРАВА!

Уште една видео платформа го отстрани најновиот документарец на ИРЛ и Сашка Цветковска поради кршење на авторски права, објаби порталот lider.mk

Од вчера документарецот на Истражувачка Репортерска Лабораторија (ИРЛ), кој беше насловен како „Цената на правдата“, повеќе не е достапен на платформата YouTube. Веднаш потоа, од редакцијата го закачија документарецот на платформата Vimeo, но од утрово тој не е достапен ни таму.

Познавачите велат дека продолжената редистрибуција на материјал без авторски права, може да биде квалификувано и како кривично дело. За такво дело беше осуден Марјан Стаменковски од контроверзниот портал Доказ. Според многумина, кога повторно се споделува материјал за кој некој друг поседува авторски права, може да дојде и до кривичен прогон.

Во избришаниот документарец, тимот на ИРЛ изнесуваше шокантни тврдења против обвинителите Хајрулахи и Цветановски, кои на пошироката јавност им станаа познати по тоа што сакаа да ги гонат обвинителите од екс СЈО: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Лиле Стефановска…

Случајот се однесуваше на незаконско делење на бонуси од неколку милиони евра од буџетот на СЈО.

Оваа контроверза со случај на кршење на авторски права на ИРЛ е трета во низа, откако ,,истражувачката лабораторија” за кој судот пресуди дека не е медиум, досега два пати беше осудена за клевета.
ИРЛ на Цветковска порано важеше за релевантен медиум, но, по последните три скандали очигледно некогашната ѕвезда на истражувачкото новинарство го губи сјајот.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top