Македонија

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција

Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од обвинителската функција. Како што информира во пишано соопштение до медиумите оставката ја поднела поради одлуката што ја донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески за повлекување на нејзините овластувања за застапување во клучни предмети во завршна фаза.

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција

Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од обвинителската функција. Како што информира во пишано соопштение до медиумите оставката ја поднела поради одлуката што ја донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески за повлекување на нејзините овластувања за застапување во клучни предмети во завршна фаза.

-Оваа недела Советот на јавни обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои таргетираат висока корупција и криминал. Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е обвинителство кое работи надвор од политички влијанија, ги штити своите
професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција. Бидејќи не гледам простор за работа, ниту во перспектива како би можела да делувам во согласност со моите принципи, денес поднесов оставка од функцијата јавен обвинител, вели Ристоска во пишаното соопштение.

Нагласува дека јавнообвинителската функција секогаш ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните.

-Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи. Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели — такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и
да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување на законски решенија, чување предмети во фиока и застарување на предмети. Сето тоа не ме спречи да опстојам во моите заложби, па јавно ги критикував состојбите во правосудството без оглед на општествено-политичкиот контекст и без калкулации за последиците по мојата кариера, посочува Ристоска.

Сите тие напори, додава, сакав да ги заокружам од раководна позиција преку мојата кандидатура за државен јавен обвинител, со јасна визија, акумулирано знаење и изградена отпорност спрема влијанија и притисоци. Верував дека е дојдено времето за институција чија водилка ќе биде јавниот интерес, борбата против корупцијата и криминалот и заштитата на правата на граѓаните.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top