Македонија

Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата заменик-министер за јавна администрација

Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата заменик-министер за јавна администрација

Лазе Јаќимоски денеска ја презеде функцијата заменик-министер за јавна администрација. На примопредавањето во Министерството за јавна администрација (МЈА) присуствуваа ресорниот министер Горан Минчев и поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Министерот Минчев го информираше Јаќимоски за тековните процеси и актуелните предизвици во Министерството за јавна администрација и му посака успех во извршувањето на функцијата.

Јаќимоски е вонреден професор на Правниот факултет – Кичево при Универзитетот Св. „Климент Охридски“ – Битола.

Најнови вести од Македонија

To top