Македонија КУРИР ДОЗНАВА

КУРИР ЕКСКЛУЗИВНО ДОЗНАВА: Ова е распределбата на ресорите во новата Влада

КУРИР ЕКСКЛУЗИВНО ДОЗНАВА: Ова е распределбата на ресорите во новата Влада

Составот на новата влада е пред финален договор, дознава КУРИР од извори на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што дознаваме е дека во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ остануваат МВР, Министерство за финансии, Транспорт и врски, Образование и наука, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделство, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива Министерството за животна средина и просторно планирање, кој во исто време ќе биде и вицепремиер. Потоа министерството за здравство и министерството за социјална политика, демографија и млади исто припаѓа на Вреди.

Министерството за економија и труд, оди во рацете на Вреди, заедно со секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на Вреди.

И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација.

Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.

Партиските брифинзи се дека овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.

Со ваква владина коалциија, мандатарот Христијан Мицкоски ќе располага со дво-третинско мнозинство пратеници во Собранието, колку што е потребно да се направи реорганизацијата што беше најавена во предизборната програма Платформа 1198.

ВМРО-ДПМНЕ, има намера да создаде две нови министерства, за енергетика, рударство и минерални суровини, министерство за спорт, каде што ќе влезат сите државни институции кои се занимаат во овие ресори. Предвидена е и поделба на министерството за труд и социјална политика, ресорот туризам од Министерството за економија оди во Министерството за култура.

Реорганизацијата на институциите што ја планира ВМРО-ДПМНЕ откако ќе се формира новото мнозинство, предвидува досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во Министерство за спорт, а секторот млади да влезе во реструктуираното Министерство за социјална политика, демографија и млади. Ресорот труд пак, од досегашното Министерство за труд и социјала, влегува во Министерството за економија. Се планира и министерството за информатичко општество и администрација, да стане за дигитална трансформација – така ќе имало поголема транспаренстност и отчетност пред граѓаните, но и подобри услуги.

To top