– Акцијата ја реализираше екипа на ИТМ Скопје, со кои мора да нагласиме дека имаме одлична соработка. Кавадарчани и росоманци се хумани луѓе, тие се свесни дека секое дарување крв спасува нечиј живот, нагласи за МИА, Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.
Каракулев се осврна на многубројните резултати во функционирањето на Основната организација на Црвен крст, а меѓу другото, нагласи дека кавадаречката организација е на врвот по крводарување и годинава што измина, на прво место по проекти со млади, за промоција на хумани вредности.