Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
„Криминалот на СДС и ДУИ во македонска Лотарија доби уште една институционална потврда.
Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ.
ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на граѓаните кои Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. И сето ова се случувало додека СДС слепо и немо го одобрувале криминалот и злоупотребите на експонентите на ДУИ, како лицата во бегство Груби и другар му Бајрами.
Како што прашувавме и во минатото, така и сега прашуваме дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот, од многуте криминали во Лотарија од два милиони евра и на кои сметки завршиле овие пари?
Јавноста заслужува да знае, со кое право СДС го прикривале криминалот на кадарот на ДУИ и зошто обвинителството толку време не постапувало, иако како ВМРО-ДПМНЕ долго време наназад, јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија.
Извештајот на ДЗР е само уште една потврда во низата за начинот на кој СДС и ДУИ раководеа со државните институции. Ги уништија претпријатијата, ги испразнија буџетите и ги испокрадоа парите.
Сега веќе го нема нивниот обвинител Љупчо Коцевски за да ги штити и одговорност како за ова и за останатите криминали мора да има.“