Ковачевски и Османи да се договорат кој став е официјален, може да се продолжи важењето на пасошите или не? Или Ковачевски нека прашува пред време во ДУИ што може да каже во јавноста, а што не, па да не го брукаат отпосле министрите кои по хиерархија му се подредени. Или даваме шанса, Ковачевски да изреагира соодветно на позицијата и јавно да го укори Османи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Одамна знаеме дека Ковачевски нема авторитет во сопствената партија, но веќе сите гледаат дека нема авторитет ни во сопствената влада.
Откако првин се „кошкаше“ со Пендаровски кој да се јави во Грција, кој кажа дека тоа е работа на владата и дека тој нема да се јави, сега доби ладен туш од Османи, дека и тој нема да се јави.
Дали Ковачевски уште останува на ставот дека е во ред иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен суд или и за тоа добил укор, па и тој став ќе го промени.
Единствено што добија граѓаните од СДС и ДУИ, Ковачевски, Пендаровски и Османи е понижувања, порази и трошоци. Никогаш не се живеело полошо. Важно е да ги поразиме, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.