Македонија баланс помеѓу правичната и соодветната застапеност и она што значи мерит

Костадиновски: Законот за употреба на јазиците на дневен ред најдоцна до февруари

Во врска со измените на Кривичниот законик, кои се, исто така, забелешка на ЕК, рече дека нанеле „непоправлива штета“ на правниот поредок и најави дека доколку Собранието до последната седница на судот во декември не ги направи неопходните измени, Уставниот суд ќе го стави предметот на дневен ред и ќе одлучи.

Костадиновски: Законот за употреба на јазиците на дневен ред најдоцна до февруари

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, го коментираше последниот извештај на Европската комисија, изразувајќи загриженост за долгогодишната „статус кво“ состојба во правниот систем. Тој упати критики кон Собранието за непочитување на одлуките на Уставниот суд и предупреди дека доколку не се преземат неопходни измени, судот ќе донесе конечни одлуки. Костадиновски се осврна на спорните закони за балансерот, измените на Кривичниот законик и Законот за употреба на јазиците, најавувајќи рокови и можни чекори за нивно решавање.

– Последниов Извештај ниту утврдува прогрес во одредени области, особено во судството, борбата со корупцијата, криминалот. Меѓутоа, не утврдува ниту назадување. Ние сме во една „статус кво“ состојба подолго време, а таа воопшто не е добра. Граѓаните имаат комплетна недовебра во целиот државен апарат – рече тој во гостување на Телма ТВ.

Во однос на двата закони за кои ЕК има забелешки, конкретно за балансерот, Костадиновски информира дека е подготвен нов Закон за правична застапеност кој е во фаза на оценување од Венецијанската комисија.

– Се надевам дека тој закон ќе се усогласи со нашите правни стојалишта за укинување на балансерот. Односно, да направи еден баланс помеѓу правичната и соодветната застапеност и она што значи мерит, стручност и компетентност – посочи тој.

Додека, во врска со измените на Кривичниот законик, кои се, исто така, забелешка на ЕК, рече дека нанеле „непоправлива штета“ на правниот поредок и најави дека доколку Собранието до последната седница на судот во декември не ги направи неопходните измени, Уставниот суд ќе го стави предметот на дневен ред и ќе одлучи.

Најнови вести од Македонија

To top