Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Република Македонија.
Како што соопшти Уставниот суд, Костадиновски го информирал амбасадорот Палминтери за предизвиците и актуелностите со кои се соочува Уставниот суд.
На средбата било изразено заедничко задоволство од нивото на развој на билатералните односи, при што е договорено зајакнување на соработката помеѓу двата суда во наредниот период.