Македонија го допревме и дното во железницата

Коруноски: Владата на СДС во последните 7 години системски го уништува железничкиот сообраќај

Ова што сега се случува во железницата е резултат на досегашното систематско уништување во овие изминати 7 години. Ние сега го допревме и дното во железницата, истакна Игор Коруноски од Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт на вечерашната трибина насловена како „Важно е Македонија да има современа инфраструктура“ која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“

Коруноски: Владата на СДС во последните 7 години системски го уништува железничкиот сообраќај

„Изминативе 7 години ние не видовме конкретни инвестиции во делот на железничкиот сектор. Не видовме набавка на нови возови, не видовме набавка на нови вагони, не видовме ремонт на домашните пруги. Во изминативе 7 години железницата беше заборавена иако беа најавувани помпезни проекти дека ќе се градат брзи пруги, дека ќе има некој инвестициски бум во железницата, но гледаме дека не е така и гледаме дека државата ја игнорира железницата во секој сегмент и затоа имаме една ваква ситуација во којашто всушност немаме ресурси, локомотиви, вагони со коишто ќе се извршува овој железнички превоз“ потенцираше Коруноски.

Тој додаде дека во едни такви услови континуирано се укинуваат железничките линии во делот на патничкиот сообраќај.

„Веќе две години немаме железничка линија кон Кичево, две години немаме железничка линија кон Кочани, веќе 6 месеци немаме железничка линија кон Куманово, а сега во последниов период се укинаа и четирите пара на возови коишто го поврзуваа Пелагонискиот Регион и делот на Азот и Богомила. Сега и таму немаме железничко поврзување. Всушност, ова што е останато сега на Коридорот 10 со префрлање на патниците е она колку да се рече дека имаме железнички сообраќај, но да не се лажеме, железничкиот сообраќај во нашата држава е во тежок колапс“, нагласи Коруноски и додаде:

„Причините за тоа се овие 7 години во коишто немаме никакви вложувања и во коишто немаме никакви конкретни проекти. Да се потсетиме само дека единствениот голем проект кој што се направи беше тој којшто го реализираше владата на ВМРО-ДПМНЕ со кој после 40 години се набавија 6 нови композиции на возови, се набавија 150 товарни вагони, се набавија 4 нови современи електролокомотиви, се рехабилитираа халите на влечните и на влечените средства. Од тој проект наваму всушност запре целото вложување во железничкиот сектор и затоа резултатот не можеше да биде поинаков од овој којшто е сега“.

To top