Со носителот на листа Филип Поповски и кандидатите за советници од советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија остваривме средба со студентите и претставници на академската заедница, разговаравме за конкретни насоки и продлабочување на соработката помеѓу општината, студентите и универзитетот.
Акцент ставивме на:
Воспоставување на заеднички проекти со универзитетот, продолжување и овозможувањето на летната пракса во Општина Битола и поддршка на младинските иницијативи преку Colors алијансата.
Како Градоначалник останувам посветен на овозможување на услови за личен и професионален развој на младите, кои се двигател на иднината и значаен фактор за развојот на нашиот град.
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски.