Македонија За пациентите со цистична фиброза лекот значи живот

КОНЕЧНО: Одобрени 854 милиони денари за Трикафта во следните две години

Лекот e одобрен од Европската медицинска агенција, а ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза на возраст над 6 години.

КОНЕЧНО: Одобрени 854 милиони денари за Трикафта во следните две години

Министерството за здравство информира дека на денешната владина седница е разгледана и усвоена Информацијата за давање согласност за преземање обврски, за набавка на комбинирана терапија со лекот Kaftrio и лекот Kalydeco, за пациентите со цистична фиброза во Северна Македонија, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства.

Владата даде согласност за преземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во 2024 и 2025 година на Министерството за здравство, за набавка на ваквата комбинирана терапија, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари.

Министерството за здравство е задолжено да достави до Владата предлог програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза, за 2024 година.

To top