Македонија фејсбук статус

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е понижувачки и недостоинствен третман на пациентите од Штип и околина

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави фотографии од условите во болницата во Штип.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е понижувачки и недостоинствен третман на пациентите од Штип и околина

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави фотографии од условите во болницата во Штип.

Во целост ви го пренесуваме нивниот статус:

НЕЗАВРШЕНИОТ НАЈВАЖЕН ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ВО ШТИП – СПОМЕНИК НА ВЛАСТА ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА И ПУСТОШОТ ВО ШТИПСКОТО ЗДРАВСТВО
❗️Понижувачките и недостоинствени услови за третман на пациентите од Штип и околината, или целиот Источен регион не ги реши ниту денешното „сликање” на Меџити во оваа Клиничка болница-Штип
❗️Министерот кој секој ден се слика, без суштинско решавање на основните проблеми иако самиот изјави дека не би се лекувал во оваа болница сепак и после речиси една година од мандатот, не ги подобри условите за третман на пациентите
❗️Штипјани многу добро ги паметат лажните ветувања дека новата клиничка болница во Штип ќе заврши некаде во септември 2019, а актуелниот министер Фатмир Меџити се расфрлаше со нови рокови или вели ќе биде во 2026.
Повторно прашуваме:
❓Зошто не е реализиран клучниот проект нова клиничка болница во Штип
❓Зошто со својата неспособност и негрижа за пациентите и дипломираните млади доктори се соочуваме со егзодус на докторите и специјалистите во Клиничка болница Штип
❓Зошто со месеци не беше во функција мамоматот кој е клучен за дијагностика
❌Магнетната резонанца не работеше повеќе од 7 месеци минатата година
❌Компјутерската томографија не работеше исто така со месеци, како и рентген апаратите
❌Нема одговор до каде е регионалниот центар за дијабетско стапало, па пациентите се изложени на дополнително препраќање и трошоци до Скопје и Кочани.
❌На ортопедија во Штип нема асистенти за операциите, па пациентите се препраќаат за скршениците во Скопје. За протези за колена, повторно пациентите се препраќаат во Скопје или Охрид
❗️Несоодветната грижа за специјалистичкиот кадар и во оваа здравствена установа е јасна, а штетата од овие лоши политики се одразуваат на здравствениот систем на долг рок

Најнови вести од Македонија

To top