Онколошки конзилиум, составен од лекари специјалисти онколози ќе продолжи да функционира и конзилијарно ќе одлучуваме за терапијата, се вели во Фејсбук статусот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Сметам дека за сите пациентки кај кои ќе биде индицирано ќе ја добиваат соодветната и потребната терапија. Проф.д-р Игор Стојковски, новоназначениот директор на Универзитетската клиника за онкологија, при посетата на министерот за здравство Арбен Таравари во оваа Клиника, одговара на новинарско прашање дали во иднина ќе продолжи да функционира советот од 12 лекари кој ќе одлучуваат за терапиите и дали во иднина ќе има дополнителна контрола за терапијата, со цел да не се крати на биолошката терапија која дава најдобри резултати и сите да добијат терапија каква заслужуваат, истакнуваат од Комисијата.