Македонија

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Најостра осуда за нападите врз здравствените работници, наша силна заложба е заштита на белиот мантил

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Најостра осуда за нападите врз здравствените работници, наша силна заложба е заштита на белиот мантил

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук упатува најостра осуда за нападите врз здравствените работници кои се случуваат се почесто.

Од таму велат дека во иднина ќе се залагаат за заштита на белите мантили.

„Најостра осуда за секаков вид насилство кон здравствените работници кои континуирано се соочуваат со непријатни ситуации, физички и вербални напади, а за жал денес има и смртен случај.

Изразуваме најдлабоко сочувство до фамилијата и најблиските на починатиот доктор – концесионер во “Железара”.

Потсетуваме дека одродената власт во заминување на тема безбедност на здравствени работници многу ветувања даде напразно, но освен декларативни изјави во пракса има НУЛА конкретни дела.

Доказ за тоа се честите напади во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „8 Септември“ и во речиси сите здравствени установи каде персоналот работи под силен притисок и воопшто не се чувствува безбедно.

✔️Наша силна заложба е враќање на дигнитетот, достоинството и безбедноста на кадарот вработен во јавното здравство“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top