„До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа информации дека и во комплексот клиники Мајка Терза има готови специјалисти кои не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на јавните здравствени установи и Министерството за здравство.
❗️Клиниката за детски болести е една од нив, каде иако има недостаток на повеќе специјалисти кои не можат да го добијат статусот како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен.
Прашуваме:
1. Има ли Меџити информација за колку специјалисти со нерешен статус станува збор?
2. Во кои установи и од кои области?
3. Зошто иако има недостиг од специјалисти никој не се заложува да се реши ова прашање?
4.Дали и за овој проблем Меџити повторно ќе се жали од Министерството за финансии само со префрлување на одговорност, додека за него не е проблем да тера огласи за административен кадар во Министерството со кое раководи?
👉Го охрабруваме Меџити да се фати за работа и прво да се ангажира за решавање на статусот на готовите специјалисти, во исто време додека се фали за отворање нови специјалности во Тетово, иако не направил ништо за решавање на статусот на веќе постојните
❗️Токму, негрижата за кадарот е нотирана и во Извештајот за здравство на Европската комисија, а на овој начин се демотивира кадарот.
❗️Загрижува фактот дека ниту недостигот од повеќе специјалности на Детската клиника не е причина за надлежните да се заложат и да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар“, стои во постот на Фејсбук.