Македонија АРМ

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во посета на Македонија

Во текот на престојот, согласно агендата, предвидена е и средба со претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, како и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во посета на Македонија

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, од денеска до 11 декември ќе престојува во официјална посета на државава.

Како што соопшти АРМ, по пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во текот на престојот, согласно агендата, предвидена е и средба со претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, како и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во рамки на посетата, како што информираат од АРМ, командантот на Националната гарда на Вермонт ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде се предвидени средби со раководството на Академијата. 

To top