Македонија

Коцев: Зрновци – Општина на развој, хуманизација и квалитетен живот

Коцев: Зрновци – Општина на развој, хуманизација и квалитетен живот

Општина на развој, хуманизација и квалитетен живот најавува кандидатот за градоначалник на Општина Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ, Борчо Коцев.

На денешниот митин тој истакна дека четири годишната програма е сеопфатна со проекти во образованието, земјоделието, социјалната заштита, екологија и културата.

-Реконструкција на сите патни правци кои водат кон Зрновци. Урбани блокови, нова индустриска зона од 11 хектари. Регионален центар за туризам и здрав живот, адреналински центар, спа зона, сместувачки капацитети со еко стандард. Поддршка за локалниот туризам и археолошки парк, нагласи Коцев.

 

Најнови вести од Македонија

To top