Македонија

Коалиција „Менуваме“ апелира за почитување и унапредување на правата на младите со попреченост

По повод Меѓународниот ден на младите, Коалицијата „Менуваме“ апелира до институциите на централно и локално ниво да преземат конкретни и мерливи чекори за почитување и унапредување на правата и достоинството на младите со попреченост, согласно Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и Националната стратегија за млади.

Оттаму велат дека и покрај постојните законски обврски и меѓународни стандарди, овие млади луѓе остануваат невидливи во образованието, вработувањето, здравството, културата и политиката.

– По повод Меѓународниот ден на младите, Коалицијата „Менуваме“ изразува длабока загриженост во врска со континуираната маргинализација на младите лица со попреченост во Република Македонија. И покрај постојните законски рамки и обврски за човекови права и вклучување, овие млади лица остануваат во голема мера невидливи во сите сектори на јавниот живот – од образование и вработување до здравствена заштита, култура и политичко учество, стои во соопштението од Коалиција „Менуваме“.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12 август. Овој ден е прогласен од Обединетите нации во 1999 година и има за цел да ја истакне важноста на младите во општеството, како и предизвиците со кои се соочуваат. ар/ев/

Поврзани теми

To top