Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информира за МИА директорката на Клиниката Виолета Клисаровска.
За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисаровска упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси.
Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.