Македонија ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

Клиниката за гинекологија и акушерство доби акредитација за квалитет и безбедност

Ова е втор циклус на акредитација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со кој оваа здравствена установа после успешно спроведените активности за исполнување на организациските, безбедносните и терапевтските стандарди, за првпат го подигна степенот на исполнетост на стандардите од 3 на 5 години.

Клиниката за гинекологија и акушерство доби акредитација за квалитет и безбедност

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за акредитација во важност од 5 години, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ).

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за акредитација во…

Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје on Wednesday, March 11, 2026

Ова е втор циклус на акредитација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со кој оваа здравствена установа после успешно спроведените активности за исполнување на организациските, безбедносните и терапевтските стандарди, за првпат го подигна степенот на исполнетост на стандардите од 3 на 5 години, објави ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство.

Во периодот помеѓу 2024 и 2025 година УК за гинекологија и акушерство спроведе постапки со кои се подобрија безбедносните услови з атретман на пациентките:
– инфраструктурни активности со кои дополнително се подобрија безбедносните услови за третман на пациентките,
– Набавка на современа медицинска опрема со цел модернизација на дијагностиката и третманот на пациентките,
– Воведени се четири нови медицински процедури за третман на пациенки,
– спроведена едукацијата на 36 здравствени работници,
– беше возобновено училишето за психофизичка подготовка за бремените жени,
– на секоја трудница и е овозможено безболно породување со цел обезбедување поквалитетна и посигурна здравствена грижа за секоја жена.

Акредитацијата на здравствените установи, согласно член 240 од Законот за здравствената заштита, претставува постапка на оценување на работата на здравствените установи врз основа на примена на оптимално ниво на однапред утврдени национални стандарди за работа на здравствените установи во одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината.

Националните стандарди за акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологија на ISQ-ua (International Society for Quality in Healthcare) и се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа.

Главните цели на акредитација, се постојаното унапредување на квалитетот на работата, зголемување на безбедноста на пациентите, создавање на еднакви или приближни услови за пружање на здравствени услуги во целиот систем на здравствена заштита како и зголемување на довербата на корисниците во рамки на системот за здравствена заштита, потернцираа во објавата ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство.

Најнови вести од Македонија

To top