Македонија нови методи

Клиниката за гастроентерохепатологија ќе започне да изведува две нови медицински процедури

Холангиоскопија и Апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS).

Клиниката за гастроентерохепатологија ќе започне да изведува две нови медицински процедури

На Клиниката за гастроентерохепатологија во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје денеска ќе се одржи настан по повод започнувањето на две нови медицински процедури: Холангиоскопија и Апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS).

Настанот ќе се одржи во обновениот ендоскопски кабинет на Клиниката.

Како што информираат од Клиниката почесен гостин на настанот ќе биде проф. д-р Петко Караѓозов, професор по гастроентерохепатологија и шеф на Гастроентеролошката клиника, Acibadem (Tokuda) Hospital, Софија.

To top