Со семејството Ѓорчевски сме старо кумство и сме во добри односи, згора на тоа Александар работеше во „Фершпед“, каде јас бев Генерален директор, објасни на денешното рочиште сведокот Кираца Трајковска.
Александар и Гоце се немаа видено десет години. Гоце дури на почеток не знаеше кое е девојчето што е киднапирано, откри мајката на неколкупати споменуваниот во истрагата – Гоце Трајковски.
Таа и ги споила старите кумови повторно да почнат да комуницираат. За Александар знаел дека е мирен и повлечен, а дека синот имал многу контакти.
Гоце одеше по куќи и згради каде што имаше камери и гледаше. Синот забележа дека нема камера на аголот меѓу зградата и хотелот. Беа убедени дека девојчето не излегло од зградата, откри Трајковска.
Во прегледите на снимките Александар и Гоце забележале едно сомнително пик-ап возило кое било пред зградата, но тогаш се уште не знаеле дека тоа е на Панче Жежовски.
Гоце ми направи и скриншот од „цитроенот“. Подоцна се распрашав кај некои луѓе во Велес и разбрав дека му припаѓа на Панче Жежовски кој беше исчезнат, рече Трајковска.
Трајковска потвдри дека се знаат со Палевски особено откако се оженил со нејзина втора братучетка.
Знаев и дека Ванчо, таткото на Зорица, станот го има купено од Палчо, но на кој начин и дали му дал некои поволности не знам, објасни Трајковска.
Обвинетиот Палчо ја праша Трајковска дали мисли дека тој може да ја убие Вања?
Таа одговори: Не, ако причина биле парите.