Универзитетската професорка Јованка Кепеска во објава на социјалните мрежи вели дека народот се определува цврсто за да се извршат навестените званични промени.
-Очигледни се настојувањата во дел од активностите на последните јавни собири кои ги искажуваат барањата за да се изнуди оставка на министерот на полицијата и на Владата, на крајот. Јасно е дека целта е со оневозможување на активноста токму на клучните актери на обидот да се обнови функционалноста на општествениот систем во Македонија, се постигнува оневозможување на отпочнатиот процес во ширина.
И дека како да се појавуваат елементи и на своевидна специјална војна иако нивото на објективноста во аргументите за барањата не ја поминува, реално, поставеноста во форма „револуција како џагор“. И како појава, во дадениот момент, на поширок гео простор, зафатена и во Македонија. Јасно е дека целта е да се измести општиот напор во Македонија за да постигне уредување на слабите точки во функционирањето на општеството, во целост, а и на државата.
На таков начин за да се парализираат силите и да се влијае врз свеста на народот. Иако барањата и не можe да се оправдаат со оглед на потребите поради што и не покажуваат осигуран успех.
Затоа што народот се определува цврсто за да се извршат навестените званични промен, се вели во објавата на Кепеска.