Македонија сообраќајна контрола

Казни за 542 возачи за брзо возење

Казни за 542 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 542 возачи.

Од нив 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 325 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

To top